август 9, 2017

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Авторот на расказот „Во рогот на волот“, испратен под шифра „Чадор“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за оваа година.

Одлуката ја донесе Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски.

На годинешниот конкурс вкупно пристигнаа 58 раскази, во кои доминираат традиционални книжевни теми, актуелни социјални теми и исповедни искажувања.

– Во најтесен избор, покрај наградениот расказ влегоа и расказите „Црешата на Цар Самуил“ под шифра „Тајна историја“ и „Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот“ под шифра „Ну погоди“. Наградениот расказ „Во рогот на волот“ се издвојува со извонредната наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука