Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, во 19:15 часот, на програмата на регионалната О2 телевизија ќе се емитува второто издание на „Супер Винчини летото“ со „Тамаро“ и Супер радио.
Во петокот, две екипи се натпреваруваа во пет игри од кои три во вода и две на плажата на атрактивната Ambrosia. Сето тоа беше снимано, а подоцна и монтирано од екипата на О2 телевизија, предводена од снимателот и монтажер Борче Димоски.
– Поминавме одлично, сите игри беа прифатени добро, но некако последната како да им остави најголем впечаток на учесниците, а тоа беше јадењето „Винчини“ тортички за една минута, односно колку тортички може да изедат натпреварувачите во период од 60 секунди, вели водителот Даниел од Супер радио.
Плажата Ambrosia на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и 18-ти август ќе биде вистинското место за сите кои сакаат проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи. Планирано е да се одржат интересни игри во вода и на плажата на Ambrosia, ќе имаме и Дџ и водители, со вклучување во живо на Супер радио и уште многу изненадувања. Екипите треба да имаат по 4 или 5 члена на возраст од најмалку 10 години. Пријавување на e-mail адресата: [email protected] или на телефонот: 075 45 32 95 преку целиот ден.
Подгответе се за уште едно „Винчини супер лето“ со „Винчини“, „Тамаро“ и Супер радио.
Вечерва сите заедно гледаме О2 телевизија, пред дневникот, точно во 19:15 часот кога ќе се емитува материјалот од вториот натпреварувачки ден. Следниот, со две нови екипи ќе се одржи овој петок, 11-ти август на новиот хит ова лето – плажата Ambrosia. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Борче Димоски