Охрид, 10. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Триесеттата вечер на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ го носи концертот на Бенџамин пијано трио.
Ова трио го сочинуваат Емир Имеров, виолина (Македонија/Германија), Пијанистот Ваг Папијан (Ерменија/Израел) и виолончелистот Александар Кагановски (Украина/Швајцарија).
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20:30 часот. На програмата се композиции од Николај Римски-Корсаков и Петар Илич-Чајковски. (Крај)
извор: Охридско лето фото: Охридско лето
Прочитано: 27