Охрид, 10. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – И покрај тоа што е на сила Законот за стриктна забрана на градежни дејности во шпицот на сезоната, кога градот е полн со гости продолжува реконструкцијата на тротоарите на главната сообраќајна артерија во Охрид, булеварот „Туристичка“.
Градежните работи се одвиваат на делот кај бензинската станица на „Макпетрол“ и на делот пред архивот и музичкото училиште „Методи Патче“.
Од Општина Охрид за Супер радио истакнаа дека станува збор за изградба на велосипедска и пешачка патека и дека нема да се сечат дрвјата на овој потег, освен старите кои со корењата го оштетиле делот за пешаците и велосипедистите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21