Избор Охрид

Помал пожар кај пешачката патека, се запали дел пред трската во близина на Cuba Libre (Фото)

Охрид, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладневно, нешто по 14:00 часот изби помал пожар во близина на пешачката патека во Охрид.

Екипа на охридската противпожарна станица интервенираше со едно возило, откако добија дојава дека гори дел од трева и зеленило пред трската во близина на плажата Cuba Libre.

pozarpateka2 pozarpateka3 pozarpateka4Во незгодата настрада и една палма, а пожарот беше изгасен со брза интервенција на пожарникарите и беше ставен под контрола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука