Охрид, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пливачот Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првото издание на Олимпискиот десет километарски маратон кој се одржа во Охрид.
Втор целта ја помина Марсел Шутен од Холандија. Во женска конкуренција најбрза беше 14 годишната Бугарка Василики Кадоглу, а втора беше Словенката Тајша Возел.
Првиот олимписки маратон во водите на Охридското Езеро беше под капата на ФИНА – Светската пливачка федерација, за регуларноста на трката се погрижија нивни судии и делегат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23