Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вистинскиот „есенски“ неделен ден, летото повторно се враќа и температурите ќе бидат во пораст. Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Следува период на стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 23