август 14, 2017

Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид, утре по 19:00 часот ќе се одржи промоција на делото на професор д-р Томе Груевски, студијата „Коста Шахов – Публицистика“.

Промотори на делото ќе бидат професор д-р Зоран Костов и професор д-р Марко Китески.

Делото на Груевски опфаќа повеќе поводи и датуми што се поклопуваат со оваа 2017 година, од областа на историјата на македонскиот печат и новинарство.

Шахов го предава како најактивниот македонски публицист од втората половина на XIX век и првите две децении на XX век. Се разбира, Коста Шахов со неговото журналистичко дело е рамо до рамо со Ј. Х Константинов Џинот, со Рајко Жинзифоф, Димитар Василев Македонски, Стефан Јакимов Дедов, Арсениј Јовков и другите македонски дејци, публицисти и литературните раскажувачи од своето време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука