Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец јуни во Охрид биле издадени само две одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Само колку за споредба, во мај годинава беа издадени шест вакви одобренија.
Што се однесува до инвеститорот и во двата случаи се јавува физичко лице. Предвидената вредност на објектите е 5 583 000 денари.
Предвидена е градба на 2 станови, од кои еден четирисобен и еден петтособен стан, а вкупната корисна површина е 310 м2.
Во овој период во Општина Дебрца на едно физичко лице, кое се јавува како инвеститор му е издадено одобрение за градба. Предвидената вредност на објектот е 753 000 денари.
На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во месец јуни оваа година се издадени 230 одобренија за градење, што е за 16.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива