Охрид, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните кои живеат на потегот на улицата „8-ми март“ апелираат до ЕВН и одговорните лица да се санира банерата која веќе два дена е наведната и секој момент може да падне.
– Тука поминуваме секој ден, нашите деца се тука постојано. Апелираме да се санира оваа бандера, затоа што може да падне и да повреди некого и да предизвика поголема штета. Каблите висат скоро до улицата и верувајте постои голема опасност, велат во допис до Супер радио и OhridPress.
Улицата „8-ми март“ е врска со Булеварот „Железничка“, и иако мала, претставува исклучително важна сообраќајница за нормално движење на луѓето кои живеат во овој дел на градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23