Струга, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на општина Струга во месец јуни биле издадени само две одобренија за градба, за четири помалку во однос на мај, објави Државниот завод за статистика.
И во двата случаи како инвеститор се јавува физичко лице.
Предвидената вредност на објектите е 12 600 000 денари. Предвидена е градба на 5 станови, со вкупна корисна површина од 681 м2. Од нив два се двособни, еден со четири соби, а два се петсобни.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22