август 16, 2017

Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Следува период на претежно стабилно и се потопло време. Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Денес и во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот. Врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука