Струга, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската полиција води интензивна потрага по убиецот на Дилавер Бојку, кој пред два дена беше брутално убиен на плажа во Струга.
Од МВР информираат дека Бојку бил ликвидиран од непосредна близина со еден куршум во главата. Убиецот со моторцикл веднаш избегал од терасата на ресторанот „Аква блу“, местото каде се случи инцидентот.
Во недостаток на официјални информации, се претпоставува дека ова убиство е дел од крвна одмазда на семејството Истрефи. Пред две години, на 13-ти декември 2015 година, синот и братот на Дилавер Бојку, во престрелка со автоматско оружје го убиле 23 годишниот Ситем Истрефи. Братот на Бојку бил ранет и е во притвор, а синот на Дилавер е во бегство. (Крај)
извор: мкд.мк фото: архива