август 16, 2017

Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На сцената на Долни Сарај во Охрид, вечерва од 21:00 часот посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на атрактивен концерт насловен како „Рок симфонија“ со Влатко Стефановски и Битолскиот камерен оркестар.

Во рамките на концертот кој е под диригентската палка на Владимир Димовски, како солисти ќе настапат Михајло Трајковски-Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.

Концертот е во рамките на фестивалот „Охридско лето“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука