Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во охридскиот ученички дом „Ванчо Питошески“ кревет си обезбедија вкупно 102 ученици.
Во првиот приемен рок, сместување си обезбедија 95 ученици, додека во вториот седум.
Со конкурсот што го објави Министерството за култура охридскиот дом понуди вкупно 135 места. Како што предвидуваат условите, конкурсот и натаму ќе биде отворен за аплицирање, за пополнување на преостанатите 33 легла.
Вселувањето на учениците кои се примени започнува од 31 август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27