Скопје, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мала реализација на проектите за самовработување бил заклучокот на вчерашната владина седница по разгледување на информацијата за прогрес на активностите поврзани со реализација на проектите за самовработување со кредитирање, за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години и за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места за млади лица до 29 години.
Владата ја задолжи Агенцијата за вработување во рок од 40 дена да изготви заклучок и анализа со точни и прецизни податоци, изразени преку бројки, за да се добие јасна слика за досегашната имплементација на овој проект и од страна на Владата, беше сугерирано на Агенцијата за вработување да искористи дел од планираните средства за поддршка на плановите на Владата за измените и новите идеи во рамките на овој проект, се вели во соопштението од владината прес служба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива