Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Температурен шок не очекува од следната недела, такви се најавите на синоптичарите.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време кога ќе биде и најтопло, до 38 степени на југоистокот од земјава.
Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.
Максималната температура во земјава ќе биде околу 30 степени, а во Охрид ќе се движи од 23 до 25 степени. (Крај)
извор: УХМР фото: архива
Прочитано: 23