Белград, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Проститутките го чинеа живот и тој стана закана и пречка за помладите мафијаши, тврди за српски Ало Божидар Спасиќ, поранешен припадник на југословенската служба за Државна безбедност, коментирајќи го убиството на Дилавер Бојку Леку.
– Бојку ја рашири работата и „бизнисот“ најмногу во Виена и Салцбург. Меѓутоа, британската безбедносна служба дојде до податоци дека тој започнал да работи и во Англија. На тој начин, би можел да и` посмета на бугарската мафија, која го држи овој бизнис таму. На српската мафија не и` беше пречка, туку и` беше од корист. Тој ги контролираше двата главни илегални правци за транспорт на девојките, од кои едниот беше преку Србија, па му беа потребни услугите на српската мафија за изработка на лажни пасоши и слично, што им носеше многу пари, објаснува Спасиќ.
Австрија, според него, е крајната граница до која и` е дозволено на албанската мафија да влезе во бизнисот со проституцијата.
– Бојку беше интересен за нашата служба токму поради проституцијата. Носеше девојчиња од 15-16 години. Патуваше често на Запад, каде Албанците се главни во бизнисот со проститутките. Додека работев за службата на државна безбедност, имавме податоци дека буквално сите проститутки во Виена беа под контрола на албанската мафија. Според мене убиството на Бојку е класична мафијашка пресметка и судир поради територии. Најверојатно ја поминал границата која ја држат други структури и тука нема простување, вели Спасиќ.
Во понеделникот, на 14-ти август, во 16:45 часот, во Струга, поточно во ресторанот „Аква блу“ на влезот во градот, од страна на засега неидентификувано лице беше убиен познатиот струшки бизнисмен и поранешен затворски осуденик, контроверзниот Дилавер Бојку-Леку. Настанот предизвика лавина реакции во јавноста, а граѓаните предизвикани од суровоста на настанот што се случи на „отворена сцена“ дополнително го подигнаа степенот на јавниот интерес за тоа што се случило, кои се причините и мотивите за овој брутален чин, но и колку е тој рефлексија на актуелните локални состојби.
Комплетното Досие „БОЈКУ“ ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ало фото: архива