Охрид, 17. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Денес и утре во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и занчително опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес