јануари 24, 2015

Скопје, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – НВО Инфоцентарот од Скопје, во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите, подготви анализа за пропаѓањето на инвестицијата на Субрата Рој во Охрид и Македонија.

Како што велат во анализата НВО Инфоцентар, „во врска со влегувањето на Сахара Груп и во ноември 2014 година, беше објавено активирањето на банкарската гаранција“.

– Доаѓањето на „Сахара Груп“ во Република Македонија, се најавуваше спектакуларно и се поддржуваше безрезервно, како една од најголемите и најзначајните инвестиции во државава. Со други зборови, граѓаните, преку информирањето не само што не добија квалитетна, непристрасна и веродостојна информација за тоа кој е Субрата Рој, туку беа изманипулирани преку некритичките сензационалистички информации за наводните огромни суми кои ќе влезат во економијата на државата, како и со континуираното игнорирање на тврдењата и предупредувањата на опозицијата и на експертите дека Сахара Груп е всушност една голема измама, додаваат од НВО Инфоцентарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука