август 18, 2017

Охрид, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Република Словенија во земјава, д-р Милан Јазбец, на покана на претседателот на Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“, Жанко Голабоски, заедно со неколку членови од здружението ја обиколија Галичица.

Словенечкиот амбасадор е голем пријател на Македонија, екологист, вљубеник во природата, вљубеник во Охрид.

Zanko2

Zanko1

– Амбасадорот беше воодушевен од глетката на Охридското и Преспанското езеро, а водедно и од сите локации кои ги посети. На наше големо задоволство д-р Јазбец стана почесен член на „З’ш Авантура“, доби наша пристапница и маица и вети дека во септември ќе дојде со стотина гости од Словенија, истакна Голабоски.

AmbasadorSlovenija

Воедно во оваа прилика амбасадорот Јазбец ги поканил Голабоски и членови на здружението на освојување на Триглав, кое ќе се одржи на 30-ти и 31-ви август.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука