август 18, 2017

Охрид, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како и четири недели наназад, и денес во супер позитивна атмосфера, топло време и прекрасен летен ден, но и одлична дружба во неповторливиот амбиент на плажата Ambrosia се одржа ново, овој пат последно – финално издание на „Супер Винчини летото“.

И денес сите елементи беа на своето место – тимот на Тамаро, екипата на Супер радио и секако највкусните производи на „Винчини“ во рамките на финалето на „Супер Винчини лето“ со водечките во Охрид „Тамаро“ маркети и секако најслушаната локална радио станица, охридското Супер радио. vincinifinale3 vincinifinale4– Во финалето имавме три екипи, односно победниците од трите претходни изданија, кои се натпреваруваа во пет игри од кои четири во вода и една на плажата на Ambrosia. Поминавме одлично, паралелно ги дружевме и слушателите на Супер радио и секако се наптреварувавме со моите нови пријатели. Сите игри беа прифатени добро, но некако последната како да им остави најголем впечаток на учесниците, а тоа беше јадењето „Винчини“ тортици за една минута, односно колку тортици може да изедат натпреварувачите во период од 60 секунди, вели водителот Даниел од Супер радио.

vincinifinale2Плажата Ambrosia изминатиов период и тоа на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и денес беше вистинското место за сите кои сакаа проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи.

vincinifinale5Последната, финална емисија, во која ќе ги дознаете и победниците, ќе се емитува следната среда со почеток во 19:15 часот на регионалната О2 телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука