Охрид, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Германецот Александар Студински и италијанката Барбара Позобон се победици на 31-от Охридски пливачки маратон.
Патеката „Климе Савин“ во должина од 30 километри од Свети Наум до Охрид Студински ја преплива за време од 05:15:14 часа. Со само една секунда разлика, буквално еден замав со раката на второто место се пласира нашиот Евгениј Поп Ацев со време од 05:15:14 часа. Како третопласиран заврши аргентинецот Гиљермо Бертола со време од 05:15:16 часа.
Во женска конкуренција буквална доминација на италијанките. Рамо до рамо со мажите, прва целта ја помина Барбара Позобон, која исплива за 05: 15:51 часа. Втора беше нејзината лута ривалка Алис Франко со време од 05: 16: 35, а трета заврши Мартина Грималди.
Инаку годинава маратонците ги изненадија сите, како се да се случи во еден миг. Иако беа очекувани да пристигнат по 17:30 часот, поволните временски услови и мирното езеро беа на страната на пливачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива