Охрид, 20. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во Медицинскиот центар во Охрид било донесено 9-годишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад.
Во 18:20 часот во Полициска станица Охрид, мајката на детето пријавила дека еден ден претходно, на 18-ти овој месец, во периодот меѓу 17:00 до 18:00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години.
За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21