август 21, 2017

Охрид, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи и се очекувапонекаде локално вкупно да наврнат над 25 л/м2 воден талог и тоа особено на северот и во планинските региони на запад и на исток. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено попладне, вдолж Повардарието и кон североисток, а дневната температура ќе е пониска за 8 до 10 степени во однос на денешната. Во вторник ветерот се уште повремено ќе засилува но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука