Охрид, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, годинава по осми пат ќе се одржува во Охрид до 31-ви август.
Целта на школата, како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат креативноста и лидерските способности.
И годинава школата е со меѓународен карактер. Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи. (Крај)
извор: МТВ фото: архива
Прочитано: 31