август 22, 2017

Охрид, 22. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одредено е место каде учесниците во претстојните локални избори, закажани за 15-ти октомври, ќе може да ги постават своите рекламни постери и пораки до гласачите.

Согласно законските одредби, поставени се тараби на оградата од ОУ „Григор Прличев“, како единствено место за  политичкиот маркетинг за време на изборната кампања. За волја на вистината, тарабите не ни беа поместени од оваа локација од последните парламентарни избори.

Иако ова место е единствено одредено, праксата од минатите изборни циклуси покажува дека и дрворедите и излозите на објекти кои се издаваат, послужија како изборни рекламни паноа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука