Скопје, 24. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Политичките партии почнаа да ги објавуваат имињата за градоначалници на општините.
Во Карпош повторна кандидатура ќе поднесе Стевчо Јакимовски, а како независен кандидат во трката ќе влезе и Владимир Кофчегарски.
– Денес официјално ја поднесов мојата кандидатура за независен кандидат за градоначалник на општина Карпош. Карпошани заслужуваат да добијат независна опција која достоинствено ќе ги брани нивните интереси, а не партиските, пишува Кофчегарски.
Кофчегарски побара од карпошани да му помогнат во собирање потписи за тој да може да влезе на кандидатската листа за градоначалник на скопската општина. (Крај)
извор: Макфакс фото: Макфакс
Прочитано: 21