Охрид, 24. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две охриѓанки се најдоа на листата матуранти кои постигнале најдобри резултати од државната матура во учебната 2016/2017 година.
Станува збор за Маја Митреска и Мартина Петровска, кои своето четиригодишно средно образование го завршија во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.
– Како и за секоја работа, така и за учењето треба да се вложи труд. Континуираното учење во текот на средношколските денови и секако повторувањето на материјата и поголема посветеност пред полагањето на матурата овозможи да се здобиеме со епитететот најдобри, сметаат Митреска и Петровска.
Покрај нив на листата матуранти кои полагале на македонски наставен јазик се најде и Ива Николовска од Куманово.
Најдобри кои полагале на албански наставен јазик се: Алејна Беќири, Јета Хаџихамза и Емине Рушити, додека на турски јазик: Арзу Калус, Нилај Максуд и Арзу Тринго, сите од Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива/fb