август 24, 2017

Охрид, 24. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со свеченост во хотелот „Инекс Горица“ и со програма на отворено во центарот на градот, вечерва започнува 10-то јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал.

Годинава фестивалот ќе трае до 28-ми август, а ќе учествуваат 26 хорови од десет европски земји.
Традиционално, фестивалот и овој пат ќе има ревијален и натпреварувачки дел, поделен во неколку категории.

Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна, поп и фолк музика, не информира професорот Александар Димоски,  претседател на организацискиот одбор на Охридскиот хорски фестивал.

horski_festival_2017_640x360

Концертите ќе се одржуваат во  Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“ и католичката црква Св. Кирил и Методиј.

Во натпреварувачкиот дел, хоровите ќе ги оценува стручна жири комисија, во којачленуваат Алицја Шелуга од Полска, Аљоша Новаковиќ од БиХ, Запро Запров од Македонија, Јасенка Остојиќ од Хрватска и Илија Рајковиќ од Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ohrid Choir Festival

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука