Охрид, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид деновиве е домаќин на Меѓународниот акцијашки камп, во организација на охридскиот клуб “Брег на младоста“ и Сојузот на акцијаши на Македонија.
Во Охрид од 23-ти овој месец се присутни вкупно 80 акцијаши од шест балкански земји, има од Србија, Босна и Херцеговина и други, а има и 20 млади членови од Охрид, кои со голема желба и ентузијазам ја продолжуваат идејата на акцијаштвото, информира Зоран Стевоски од акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.
Во рамки на кампот, учесниците во текот на утрешниот ден ќе спроведат локална акција за расчистување на брегот на Охридското Езеро на потегот кај детското одморалиште „Радости“ во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30