Струга, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на Зелениот пазар во Струга, 53-годишниот В.Л.Ј. од Холандија, вчера околу 14:00 часот, додека се движел пеш, му се слошило и паднал во полусвесна состојба, при што се самоповредил во пределот на главата.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Јавната здравствена установа – Општа болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош, по што бил испратен во Медицинскиот центар во Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 17