август 26, 2017

Охрид, 26. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На влезот во селото Лескоец има бандера која е пред паѓање и претставува опасност за автомобилите и жителите кои поминуваат оттука.

Жителите апелираат до одговорните под итно да се санира бандерата. Слична ситуација имавме пред десетина дена на улицата „8-ми март“. По објавата на Супер радио и OhridPress, бандерата  експресно беше отстранета и заменета со нова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука