Охрид, 27. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Денес и утре ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во вторник во текот на денот ќе настапи наоблачување проследено со локален пороен дожд, засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. Позначително опаѓање на температурата се очекува во среда, кога во јужните делови претпладне се уште ќе има повремен дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 25