август 28, 2017

Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид бележи позитивен природен прираст во вториот квартал од оваа година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во овој период на подрачјето на општина Охрид биле родени 167 бебиња, а бројот на починати лица изнесувал 159. Значи второто тримесечје од 2017 година Охрид го заврши со позитивен природен прираст од +8.

Колку за споредба, првите три месеци од годинава во Охрид беше регистриран позначителен негативен прирден прираст од -39.

Во однос на бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината, во Охрид е 110, што е речиси двојно зголемување со првите три месеци од 2017 година, кога беа склучени 54 бракови. Кај бројката на разводи, пак е забележан пад. Во месеците јануари, февруари и март беа евидентирани 45 разводи, а во вторите три месеци од годинава 22. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука