август 28, 2017

Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат девет години од уривањето на авионот „Цесна 172“ кај селото Скребатно, во близина на Охрид во која загинаа четири лица, а беше повредено и едно малолетно девојче.

Авионот во сопственост на „Скопје-ер“ фрлал летоци токму на овој ден, кога во Скребатно има неколку илјади луѓе кои масовно секоја година го одбележуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица“, во народот познат како Голема Богородица.

Среќна околност е што не се урнал врз толпата луѓе, што ќе предизвикаше трагедија од пошироки размери.

Во несреќата загинаа тројцата патници во леталото од Охрид, како и пилотот од Скопје. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука