август 28, 2017

Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Илјадници посетители, традиционално ќе го посетат селото Скребатно во чест на денот кој православните христијани го празнуваат во чест на Пресвета Богородица.

Како што налага традицијата, за сите посетители на прекрасните падини над селото ќе се дели традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна, а секогаш е весело со ора и изворна музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СкребатноФБ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука