Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На повеќе места во Охрид и охридско денеска се славеше празникот Успение на Пресвета Богородица или попознат меѓу народот како Голема Богородица.
Многубројни верници синоќа и денеска го посетија истоимениот храм во Каменско, каде се одржаа вечерна богослужба и света архиерејска литургија. Со свеќи во рацете, верниците и принесуваа дарови и се помолија на Мајката Божја.
По традиција, најмасовна беше прославата во селото Скребатно. Илјадници верници запалија свеќи и се помолија во храмот на Пресвета Богородица, а за сите посетители на прекрасните падини над селото беше поделен и традиционалниот ручек, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.
Освен во Скребатно, овој голем празник го слават и жителите на селото Пештани и Куратица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес