Охрид, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Христина Митреска ќе ги брани боите на Македонија на 14-та Јуниорска олимпијада по природни науки во Холандија.
Митреска е ученичка во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“, а ова ќе биде прв пат земјава да учествува на оваа Олимпијада, која ќе се одржува од 3-ти до 12-ти декември.
Инаку, кога сме кај натпреварите, во петокот на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа Селекционен натпревар по природни науки.
На истиот, како ученици кои постигнаа високи резултати на Државниот натпревар по физика за минатата учебна година, покрај Христина Митреска, учество зеде и Драгана Усовиќ, осмоодделенка во истото училиште. Ученичките работеле под менторство на професорите Вера Зороска и Владо Андрески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУ „Христо Узунов“