Охрид, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 16 домаќинки, а според искуството од минатите години и домаќини, се пријавени досега за учество на манифестацијата „Охридска софра“.
Манифестацијата „Охридска софра“ или познатата „ѓомлезијада“ ќе се одржи во сабота, на 2-ри септември во селото Скребатно.
Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата како темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна и годинава ќе бидат главен белег на оваа манифестација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27