август 29, 2017

Скопје, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денес поднел оставка од функцијата, брифираат извори во Советот.

Станува збор само за престанок на функцијата претседател, а не и на членството во Советот кое ќе го тера до крајот на мандатот. Оставката ја поднел поради семејни причини и треба да биде потврдена на седницата в четврток, на која треба да биде избран и нов претседател.

На тајно гласање, Петар Аневски во 2016 година повторно беше избран за претседател на Советот, откако претходно помина еден цел мандат. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука