Охрид, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Камперите од авто кампот Љубаништа со прослава го означија крајот на летната сезона.
Околу стотина возрасни и деца уживаа во условите што ги нуди овој крај и признаваат дека со тешко срце се разделуваат од убавините на езерото, Љубаништа и Охрид.
Прославата почна во попладневните часови кога се правеа подготовките за логорскиот оган, а заврши во раните утрински часови.
– Прекрасната атмосфера исполнета со дружење, убава музика и скара беше надополнета со огномет, после кој следуваше полноќното традиционално капење на децата од кампот, информираат организаторите.
Оваа традиција започнала пред пет години со идеја да се заокружат прекрасните мигови на забава и дружење поминати во кампот.
Според организаторите ова е прекрасен настан кој веќе прејде во традиција, со кој завршува летното дружење на камперите, кои разделуваат со мисла дека следната година повторно ќе дојдат тука да се дружат заедно и да уживаат во убавините на Охридското езеро и прекрасната Галичица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: fb