Избор Охрид

Петок неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Охрид, 30. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, петок, 1-ви септември, ќе биде неработен ден за за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука