август 30, 2017

Скопје/Охрид, 30. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Една од заложбите на Владата за развој на воздушниот сообраќај во земјава е зголемување на капацитетите на охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за бројни дестинации.

Ова меѓу другото го потенцира министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски на работна средба со претставници од нискобуџетнта авиокомпанија „Визер“.

– Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е неискористен потенцијал и во таа насока ќе се обидеме да го раздвижиме авиосообраќајот и на тој аеродором и да обезбедиме што повеќе дестинации од страна на нискобуџетни компании. Тоа е и една од мерките предвидени во програмата на Владата на Република Македонија. Нашите заложби како Влада и понатаму ќе континуирано подобрување на авиосообраќајот во Република Македонија. На тој начин ќе се обезбеди широка мрежа на дестинации во Европа и светот кои ќе бидат достапни за македонските граѓани, потенцира министерот Сугаревски.

Ohridski-aerodrom- turisti

Компанијата „Визер“ превезува над половина од вкупниот број на патници превезени на двата македонски аеродроми и обезбедува летови кон 27 дестинации. Во првата половина од годинава од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 860 130 патници.
Туристичките работници од охридско – струшкиот регион во неколку наврати ја потенцираат потребата од повеќе авиолинии до Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука