август 30, 2017

Охрид, 30. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 100-на волонтери од шест држави учествуваа на првиот Меѓународен акцијашки камп „Брег на младоста 2017“.

На овој камп покрај акцијаши од Србија, Босна и Херцеговина и други земји, имаше 20 млади членови од Охрид, како и млади волонтери на здруженијата на акцијаши од Скопје, кои со голема желба и ентузијазам ја продолжуваат идејата на акцијаштвото.

akcijaskikamp3

akcijaskikamp2

Во рамките на овој волонтерски-работен, рекреативен и спортски камп во организација на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, волонтерите во рамките на шесте дена реализираа две локални акции на брегот на Охридското Езеро и во самиот камп, кај детското одморалиште „Радости“.

Гостите ги посетија и културно – историските знаменитости во Охрид и околината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: fb

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука