август 31, 2017

Охрид, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

– Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука