Избор Охрид

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 30. степени

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде свежо во текот на утринските часови, а преку денот не очекува сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– До утре ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период oд годината. Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник следува стабилно, посвежо и ветровито време, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука