септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници идниот четврток ќе треба да се произнесат по Предлог заклучокот за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво, како и Предлог Одлуката за негово распишување на локално ниво, околу прашањето за доселување на подрачјето на општина Охрид на лица, баратели на азил.

Бегалците и изградбата на бегалски кампови беа тема и на минатата седница, кога Советот на Општина Охрид ја одби нацрт стратегијата за бегалци и странци.

Покрај ова, градските избраници ќе се произнесат и по Предлог одлуката за потребата од прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација, а има и Предлог одлука за исправка на одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, која беше донесена на минатата седница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука