септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Скребатно утре ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“.

Официјалниот почеток е закажан за 09:00 часот, кога пријавените учесници ќе започнат со подготовка на традиционална храна, како и еден од најпознатите традиционални производи кај гостите и туристите – ѓомлезето.

Покрај пријавените за учество, дел од манифестацијата ќе бидат и студентите од ФТУ – Охрид кои ќе подготвуваат најразлични спецјалитети.

И годинава „Охридската софра“ има натпреварувачки карактер, ќе се избира највкусното ѓомлезе. Вкупниот награден фонд е 20.000 денари, кои ќе биде поделен на 10.000, 7.000 и 3000 денари, соодветно за прво,второ и трето место.

На овој начин уште еднаш ќе се промовира алтернативниот туризам во охридскиот регион, а се продолжува и традицијата која е темел на нашиот рурален развој. Манифестацијата ќе биде збогатена со настапот на ансамблот „Билјана“.

За граѓаните кои сакаат утре да бидат во Скребатно, обезбеден е  бесплатен превоз. Тргнувањето е во 09:45 часот пред Охридска Банка – превозник Бале турс и во 10:00 часот пред Домот на култура во село Лескоец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука