септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен  весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8-ми септември 2017 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста. (Крај)

извор: МТСП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука